Ја заслужуваш љубовта за која отсекогаш си сонувала

Ова е за тебе драга,

Ако се чувствуваш осамено, ако се бориш секој ден сама. За тебе, која однадвор изгледаш како лавица – силна и борбена, а одвнатре си силна и кревка. За тебе, жена која почнува да верува во својата лажна насмевка. За тебе, која никогаш не се откажува. Ова е за тебе, ти која толку цврсто се бориш, без оглед на тоа што ти носи животот. Која се креваш секојпат кога ќе паднеш и не прифаќаш ништо помалку од она што го заслужуваш. 

Ова е за секоја жена која се бори за нешто поголем од себе. За жената која вели „Ајде да видам што има уште“, наместо да шепоти: „Зошто јас?“. Ова е за храбрата жена која не се чувствува секогаш силно. Ова е за жената која се смее во текот на денот, а плаче пред спиење. За тебе која мислиш дека не си доволно добра, доволно убава, доволно паметна. Ти која мислиш дека не заслужуваш среќа. 

Ова е за жената која се чувствува непривлечно и не сакано. За тебе, која чувствуваш дека си премногу, ти која премногу се грижиш, премногу се даваш на другите, премногу се трудиш и предобро ги познаваш животните разочарувања. Овие зборови се за тебе, ти, која сакаш премногу, особено оние кои не го заслужуваат тоа. Која даваш премногу љубов, а на крај ти го оставаат срцето скршено. Ти која си толку скршена и мислиш дека никогаш повеќе нема да сакаш. Ти, која се бориш самата со себе и непотребно се спушташ себеси надолу. За жената која го живее животот преку цитати, држејќи се за она што помага за да се чувствува помалку осамено. 

Ова е за тебе, драга жено, ти која веруваш дека можеш да го промениш светот, за жената со страст. За тебе, ти што се сакаш себеси и не ти треба некој да се грижи за тебе. За жената која ги прави работите сама, за независната и силна жена. Ова е за тебе, ти која никако не можеш да победиш. Која е добра пријателка со болката и одбивањето. Жената која не може да стигне да се одмори и која чувствува дека успехот ѝ е надвор од досегот на раката. За секоја жена која некогаш се сомневала во себе. Која и денес се прашува дали нејзините способности се доволни. 

Ова е за жената која знае што сака точно од животот. За жената со големите цели и уште поголемите соништа. За жената која нема да дозволи ништо да застане на нејзиниот пат. За жената која кажува што ѝ лежи на срце, која не се плаши да се бори за себе. За жената која знае какво е чувството да бидеш потполно уништена од друго човечко суштество. За сите жени кои биле емоционално повредени и повторно нашле сила да љубат. 

Ова е за тебе, да знаеш дека не си сама, дека нè има многу како тебе. Ова е да знаеш дека вредиш, дека постоиш затоа што имаш некаква цел. Постоиш затоа што некому секогаш ќе му бидеш сè. Да се потсетиш дека си доволна, прекрасна, доволно паметна, доволно добра, дека можеш да постигнеш сè што ќе замислиш. Заслужуваш да бидеш сакана. Ја заслужуваш љубовта за која отсекогаш си сонувала. Не си сама и никогаш нема да бидеш сама, ние ќе бидеме тука.