Ја врзал сопругата за дрво во шума во скопско и ја тепал - Уапсен млад скопјанец

Застрашувачки детали открива полицискиот билтен за случај со родово базирано насилство во Скопје. Имено, млад скопјанец вчеравечер ја однел сопругата во шума каде ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет. 

- На 01.09.2026 во 20:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Ф.Д.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 21-годишна жена дека во семејниот дом физички ја нападнал, а подоцна ја однел во шумски предел во скопско, каде што ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет, информираа од МВР. 

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.