Ја нападнал со нож, таа од повредите починала на лице место - МВР со детали за убиството во Битола

Лишен од слобода битолчанец веднаш откако со нож утрово ја уби својата сопруга.

Од МВР информираат дека денеска полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Р.(33) од Битола.

Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

„Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.