Вчера скопјанка пријавила физички напад од нејзиниот поранешен свекор. Покрај тоа тој и го оштетил возилото во кое биле нејзините деца при што истите се здобиле со повреди.
„На 12.08.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, 28 - годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Чаир, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од нејзиниот поранешен свекор А.Д., кој го оштетил и нејзиното возило во кое биле нејзините малолетни деца, кои се здобиле со повреди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, известуваат од МВР.