Вчера полициски службеници од ОВР Гостивар заедно со нивните колеги од Секторот за општ и насилен криминал извршиле претрес во простории во сопственост на Ш.А.(20) од с.Врапчиште, а во моментот ги користел С.А.(22) исто така од с.Врапчиште. Тие се сомничат дека учестувале во негални борби со кучиња.
„При претресот биле пронајдени четири кучиња - три од раса „питбул“ и едно куче од раса „доберман“, кои биле користени за борба на кучиња. Со С.А. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, се вели во билтенот на МВР.
Другиот осомничен Ш.А. е недостапен за органите на прогонот поради тоа што не се наоѓа во државата информираат од МВР.