Изведба за ежење: Игор и Андријана со моќен настап на „Златна бубамара“ (ВИДЕО)

Изведбата на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов заедно со хорот „Мирче Ацев“ ги собра сите симпатии на овогодинешното издание на „Златна бубамара на популарноста“.

Публиката се наежи од нивната изведба на „Ми заплакало селото Ваташа“, заедно со рециталот „Цветови“ од Славко Јаневски.

-Истуривте емоција онолку колку што крв се пролеа на Ваташа, вели еден Македонец. 

-Секоја чест, преубав настап кој разбуди многу емоции,да не заборавиме на нашето тажно минато да бидеме горди на тоа што сме. Браво маестро и Андријана, се вели во друг коментар. 

-Ова треба да е дел од наставна програма, помоќно од сите сувопарни лекции и години кои се учат напамет за повисока оценка. Совршено, моќно, поклон до земја, се согласува публиката за оваа изведба. 

Во продолжение слушнете и видете како звучеше најемотивната изведба на манифестацијата „Златна бубамара“.