Изречени 237 санкции за возачи во Скопје

На територија на Град Скопје полициски службеници во текот на вчерашниот ден изрекле 237 санкции од кои 79 за брзо возење.  

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека изречени се и осум мерки за возење без возачка дозвола и седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се и девет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на црвено светло, четири мерки за затемнети стакла и три санкции за прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикл.