Изречени 215 казни за возачите во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 215 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.