Изречени 153 казни за возачите: Во Скопје се вози брзо, без дозвола и под дејство на алкохол

Вкупно 153 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден во Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот што ги спроведува Секторот за внатрешни работи Скопје.

Како што соопшти МВР, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 43 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за непрописно престројување на возила.   

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за возење под дејство на алкохол, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.