Изречени 141 санкција во Скопје, 25 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера во акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Скопје изрече 141 санкција, од кои 25 за брзо возење,12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол…

Изречени се и шест мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки што ги прават возачи на моторцикли, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за возач почетник…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.