„Израдувајте ја жената за 8 Март со млеко, салама, тавче...“ - Овие маркетинг акции се „хит“ за празникот

Осми март - Меѓународниот ден на жената е на прагот. Штандови со цвеќе, ваучери, акции и попусти насекаде - раздвижено во пресрет на утрешниот празник

Се чини дека овој ден од година во година се повеќе се комерцијализира, а трговците преку маркетинг стратегии се во безмилосен обид да привлечат што повеќе купувачи. Досетливи до очај! 

На социјалните мрежи и годинава саркастични коментари за изборот за подарок за блиските жени по повод празникот. 

Најнепопуларни подароци кои се мета на шега и годинава се тавчињата на акција, тенџерињата, средствата за хигиена во домот, а годинава посебен хит се и акциите за млеко и салама со подарок цедалка!