Изнудувале пари и одзеле клуч од возило - полицијата уапси двајца „рекетари“ од Скопје

Министерството за внатрешни работи информираше дека денес во 16 часот пред трговски центар на подрачјето на Скопје полициски службеници од СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје  ги лишиле од слобода К.С. (28) и Д.Н. (42) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело изнуда по член 258 од Кривичниот законик.

Тие неколку пати со закани и употреба на сила изнудувале пари од 34-годишно машко лице од Скопје. Денеска на оштетениот му го одзеле клучот од неговиот автомобил, по што веднаш се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од полицијата.