Изненaдување за сите корисници на мобилната телефонија преку Мојот А1

Со иновативни дигитални решенија, богато конвергентно портфолио, најатрактивни понуди во мобилната телефонија и воведување на револуционената 5G технологија со што најбрзата мобилна мрежа станува уште побрза, А1 одбележува три години присуство на македонскиот пазар.

За таа цел,А1 воведува нова и збогатена понуда во мобилната телефонија со најсовремени 5G телефони и супериорна услуга за неверојатно 5G искуство и воведува многу подароци преку апликација Мојот А1.

“Успехот во минатите три години го следеше патот кон вложувања во нови технологии и беше воден од нашата желба да ги надминеме очекувањата и да ги пресретнеме потребите на нашите корисници. Затоа со задоволство ја најавувам најновата септемвриска понуда со која корисниците добиваат можност за неверојатно 5G искуство, можност да изберат нов 5G смарт уред од богатото портфолио на А1, но и со комбинирање на услугите во А1 Combo да добијат услуги за суперирорно корисничко искуство по најповолни услови”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

Со септемвриската роденденска промоција, сите корисници на пакетите А1 Nova M до A1 Nova XXL, автоматски ја добиваат можноста да ги искусат бенефитите на 5G мрежата.

Корисниците пак на преостанатите тарифни модели пристап до 5G можат да добијат со едноставно активирање на еден од дополнителните пакети и тоа: месечен 5G пакет со неограничен интернет за само 599 денари и месечен 5G пакет за само 99 денари кој овозможува 5G согласно месечниот мобилен интернет вклучен во тарифата на корисникот.

“Мотото “Секој твој свет” останува да биде синоним засè она што А1 го креира во своето портфолио. Накусо ги опишува остварените ветувања кон нашите корисници – да добијат комуникациски решенија што им се најпотребни, да сурфаат неограничено на најбрзата мобилна мрежа, да зборуваат неограничено, а преку понудените дигитални решенија да ги искусат придобивките од дигитализацијата во секојдневниот живот”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

За да можат да ја користат супериорната 5G технологија, корисниците треба да поседуваат уред што поддржува 5Gи да се наоѓаат во подрачје што има 5G сигнал.

А1 Македонија интензивно работи на проширување на 5G мрежната покриеност насекаде низ земјата, а во моментов таа го опфаќа урбаниот дел на град Скопје.

Деталната листа на уреди е достапна на официјалната веб страница на А1.

Како надополнување на роденденската промоција, A1Македонијаза сите свои корисници во мобилната телефонија обезбедува изнендување преку последната верзија од апликацијата Мојот А1.

“Важните моменти секогаш ги славиме заедно со нашите корисници па така и овој септември сите корисници на мобилни услуги добиваат своето А1 роденденско изненадување”, заклучи Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk.