
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 11 управувале возило без возачка дозвола, двајца и покрај тоа што имале активна забрана и еден под дејство на алкохол, информираат од МВР.
Од таму посочија дека 11-те лица кои управувале возило без возачка дозвола, тројца се во Гостивар, по двајца во Делчево и Скопје (еден управувал нерегистриран мотоцикл), а по еден во Тетово, Кавадарци, Битола и Гевгелија (управувал нерегистриран мотоцикл).
Еден возач во Скопје и еден во Велес управувале возило со активна забрана за управување возило, а еден возач во Берово управувал возило под дејство на алкохол.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, додаваат од МВР.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, посочија од МВР.