
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода 12 лица кај кои била пронајдена дрога.
Од Министерството за внатрешни работи споделија детали за апсењата.
Синоќа во 21:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода С.К.(21), К.П.(20) и А.С.(21), сите од Гевгелија. Тие биле затекнати како во патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки употребуваат марихуана, а кога им пристапиле полициските службеници се обиделе да побегнат и до возилото фрлиле марихуана, која е пронајдена и одземена. Остатоци од марихуана се пронајдени и при преглед на возилото. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Ноќеска во 00:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Т.М.(52) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.М., била пронајдена марихуана. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Синоќа во 19:55 часот на бул. „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода С.П.(45) од Охрид. При преглед на патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Исто така во изминатото деноноќие во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Д.(40), Ч.И.(36), Д.К.(30), Д.Б.(19), Б.Х.(20) и 17-годишник, сите од Скопје, како и А.Н.(22) од с.Желино, тетовско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
„По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, посочија од МВР.