Автобуската линија 21 што сообраќа од Транспортен центар до Бардовци од денеска ќе има измени во возниот ред во вечерните часови.
Како што соопшти ЈСП Скопје, во петок и сабота досегашниот термин 22:50 часот се поместува во 23:05.
– Со ова ЈСП го исполнува барањето на жителите од Бардовци кои официјално поднесоа иницијатива автобусот на посочената линија да сообраќа подоцна за време на викендите. – информира компанијата.
ЈСП Скопје ја донесе одлуката по направените анализи на терен во соработка со Град Скопје, процедура која е неопходна при било какви измени на утврдениот единствен возен ред.