Измамници „оперираат“ низ Неготино: Во различни случаи од две постари лица „ќариле“ голема сума на пари

Во текот на вчерашниот ден, две постари лица, двајцата од Неготино, во изолирани случаи пријавиле дека биле измамени за голема сума на пари.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 12:30 часот во ОВР Неготино, 76-годишен неготинец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 4000 евра. Според пријавеното, лицето побарало од оштетениот да му даде 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, кое го претставил како странски државјанин, а за да му докаже дека еврото е валидна валута во земјава.

Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а лицето му дало чанта со катaнец да ја чува како доказ дека ќе се врати. Откако, оштетениот ја отворил чантата сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Исто така вчера во 17:15 часот во ОВР Неготино, 81-годишна неготинка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 3000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати.

Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на двата настани.