Изложбата “Не биди груб кон стварноста“ во КИЦ

Во Културно-информативниот центар во Скопје, во изложбениот салон – Империјал 2, на 27 декември, со почеток во 20 часот, ќе се отвори изложбата на слики насловена “Не биди груб кон стварноста“ од ликовниот уметник Јана Куновска.

Авторката има реализирано над 40 ликовни изложби во Македонија и странство, изложувала во САД, Германија, Бугарија, Хрватска, Словенија…

Изложбата ќе биде отворена до 15 јануари 2019.