Излета автомобил од патот, повреден е 71-годишниот возач

Денеска, на експресен пат Крупиште – Кочани, во близина на клучката Крупиште – Пробиштип, автомобил управуван од 71-годишно лице, излетало од патот.

Од МВР информираат дека возачот, Љ.П.(71) од Битола, на патничкото возило „сеат толедо“, со битолски регистарски ознаки, се здобил со тешки телесни повреди кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

На местото на несреќата бил извешен увид од увидна екипа од СВР Штип.