Излегол да се „разбере“ со лице кое телефонски се заканувало на девојка, па додека возел неговото возило било удрено од друго

Синоќа во 22:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 22:30 часот на подрачјето на Карпош, Е.Р.(29) од Скопје, додека го управувал неговото патничко возило, бил удрен од друго патничко возило „ауди А3“ со скопски регистарски ознаки.

Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавеното, Е.Р. претходно излегол од угостителски објект да се сретне со Д.„Н“,  кој претходно телефонски упатувал закани на девојка, која била во угостителскиот објект со Е.Р.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.