
Бурни реакции во јавноста по веста дека четвртооделенец носел нож во основно училиште во Центар. Станува збор за ООУ „Киро Глигоров“.
Детето од четврто одделение, како што сведочат родители, извадило нож од училишниот ранец, во училница, меѓу другарчињата. Истото дете, според кажувањата на родители, досега неколку пати покажало агресивно и насилно однесување кон соученици. Состојбата со носење на нож во училиште, не е единствениот случај кој е поврзан со него. Минатата година нападнал и другарче од одделението кое е со посебни потреби. Во досегашните напади употребил ножици.
Родителите алармираа за загриженоста за безбедносната состојба во ова училиште, а јавноста предупредува да се превзема конкретни и итни мерки пред да биде предоцна, посочувајќи го примерот од соседна Србија, во училиштето „Рибникар“.
- Дете од 4то одделение извадило нож во школо во Центар, било проблематично уште од прво. Мајка му рекла дека правела доручек, па по грешка го ставила ножот во ранец што е логично исто ко да правела тост па тостерот да му го ставила во ранец. Као службите 4 години работеле со детево глеам јако изработиле. Родителите ја обвинуваат директорката дека вршела притисок до наставниците да го смират случајот и родителите да престанат да пријавуваат. Еве госпожа сега ќе го смириме случајот.
Вчера видов едно видео од Сарај кај некое средно, каде неколку момчиња вознемируваат девојче на најгнасен начин. Колку што знам случајот е пријавен во полиција. Има ли некој што сериозно ќе се фати да се бави со малолетничката деликвенција или ќе чекаме да ни се деси нешто страшно ко во школите во Србија? Тогаш веројатно ќе бидеме изненадени. Ни треба нов и многу построг закон за социјалните работи, демографија и млади. Ако не знаеме да го направиме, да го препишеме од Норвешка, сведочи инфлуенсерката Ина Многуфина.
Со став се јави и познатата Миа Костова.
- Се прифаќа изјава во која мајката сведочи дека по грешка ставила нож во ранец. После појадок ставаш случајно нож во школски ранец. Кој е овде луд кој си игра со многу сериозна тема? Дали се чека трагедија за директорката да има начин на справување со проблеми или уште некои луѓе ќе уживаат заштита ко бели мечки и по цена на страшни сценарија? Има начини, ама и родителиве се многу фини. Дојде време да праќаш дете во школо со мисла ʼГоспод да го чуваʼ.