„Изиџет“ се враќа во Македонија, ќе лета од Скопје до аеродромот „Орли“ во Париз

Нискобуџетната компанија „Изиџет“, откако ги прекина летовите кон Македонија, планира повторно да се врати на пазарот. Овој пат во нивните планови е да летаат кон само една линија Скопје - Париз.

Од Скопје ќе се лета до Париз почнувајќи од пролет, односно на аеродромот „Орли“ кој е 20 километри од главниот француски град. Сега има линија на „Визер“ до Париз, но до аеродромот „Буве“ кој е 90 километри подалеку од Париз.