Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 09:05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – село Подмоље, патничко возило „Опел корса“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.С. (48) од село Велмеј, општина Дебрца, откако претекнувал две возила, изгубил контрола и излетал од патот.
„Во несреќата Г.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид“, стои во полицискиот билтен.