Изградено ново детско игралиште во дворот на ООУ „Визбегово” во Бутел

Изградено е ново детско игралиште во дворот на ООУ „Визбегово”, во скопски Бутел. 

- Нова високо квалитетна мека подлога е поставена за безгрижна игра на дечињата. Нови реквизити и нова урбана опрема се поставени на новото детско игралиште. Овој проект е дел од градежната офанзива во општина Бутел која започна оваа година, порача градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.