Регионалниот центар за управување со кризи информираше дека вчера избил пожар во семејна куќа на улицата „Ѓуро Пуцар Стари“ во Куманово при што е предизвикана значителна материјална штета.
Како што се вели во соопштението пожарот избувнал околу 20:55 часот, а на терен веднаш излегле пет пожарникари со две противпожарни возила.
Огнот зафатил приземен дел од објектот, предизвикувајќи голема штета. Интервенцијата на пожарникарите траела до 23:15 часот, кога пожарот бил целосно локализиран.
Причината за пожарот, како и точната висина на материјалната штета, допрва ќе се утврдува.