Изгор цени на пазарите во Скопје - каде е најевтино да се пазари периодов?

Пазарите во Скопје периодов полни со производи и високи цени, но се помалку потрошувачи, а дел од пазарите речиси и празни.

Купувачите велат дека периодов најниски цени на производите може да се најде на Зеленото пазарче како и на Бит пазар. Таму килограм пиперки се продаваат од 30 до 40 денари. Доматот на овие два пазара се продава по цена од 40 до 60 денари за килограм. Додека пак на пазарот Буњаковец домат можете да купите дури и по цена од 140 денари. 

Компирот се продава по цена од 20 до 30 денари, а кромидот држи цена од 30 до 40 денари. 

Јагодите се продаваат по цена од 100 денари. Цената на дињите е 70 денари по килограм, а на лубениците е 25 до 35 денари по килограм. Кајсиите се продаваат од 60 до 100 денари, а праските по 30 до 40 денари. 

Пазарџиите велат, цените се високи обично во овој период од годината, но и се пожалија дека без разлика на цената граѓаните скоро и да изгубиле навика да излезат на пазар.