Избрани се македонските претставници за Детската Евровизија за оваа година

Според јавната објава на „Evrovision Macedonia“ избрани се нашите претставници на овогодинешното издание на Детската Евровизија.

Во јавното известување од таму ги  известија граѓаните на Република Северна Македонија дека Јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија донесе конечна одлука и ги избра Лара Трпческа и Ирина Давидовска за претставници на нашата земја на Детската Евровизија 2022 година по предлог на Комисијата, а по претходно одржана Аудиција.

Тие исто така информираа дека дуетот Лара Трпческа и Ирина Давидовска што ќе ја претставуваат нашата земја на овогодинешното издание на Детската Евровизија се поддржани од авторски тим од реномирани уметници. 

Детската Евровизија 2022  ќе се одржи на 11 декември 2022 година во Ереван,Ерменија.