Избран нов директор на Филхармонија

Маја Чанаќевиќ не е повеќе директорка на националната установа Македонска филхармонија, соопшти Министерството за култура. За вршител на должноста директор во оваа установа е назначен Виктор Илиески, член на ансамблот на Филхармонијата.

„Ја информираме јавноста дека во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори.

По исполнување на законските услови, низ целосно отворен и транспарентен процес, Министерството за култура ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и именување нови директори на националните установи“ се вели во соопштението на Министерството.