
Тетовската полиција информира дека до нив вчера стигнала пријава за повредено 15-месечно дете откако количката во која го носеле неговите родители била удрена од автомобил по што возалот избегал од местото на настанот.
„На ден 06.03.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА” се случила сообраќајна незгода, во кое патничко возило „пасат” со тетовски регистерски таблици, удрило во количка во кое седело петнаесет месечно дете, кое на пешачки премин поминало со неговите родители Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, и по незгодата напуштило лице место. Веднаш било постапено и по пријавената потрага во 16.30 часот било пронајдено и обезбедено возилото управувано од А.М.(67) од с.Шипковица, за понатамошна постапка. Во незгодата со телесни повреди се здобил малолетното дете констатирани во Клиничка болница Тетово“, информира СВР Тетово.
Од МВР велат дека увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.