Избегната голема трагедија, во последен миг спасен плинскиот сервис (ФОТО)

Барака и магацински простор од сервис за вградување плински уреди во автомобили изгореа во пожарот што утринава избувна кај „Дрво-декор“, зад сендвичарницата „Вили“. Брзата интервенција на пожарникрите спречи трагедија. 

Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, за Телеграф.мк изјави дека пожарот избувнал во 9.15 часот, а бил изгаснат за 10-ина минути. Во интервенцијата учествувале осум противпожарни возила и 20 пожарникари, а било спречено да се прошири на соседните куќи. 

По завршување на увидот ќе бидат познати причините за пожарот.