Избегал од психијатриското одделение во Демир Хисар, па дилал дрога низ Битола

На 26.05.2022, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ѓ.З.(31) од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Исто така, тој бил баран поради бегство од ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар. Ѓ.З. ќе биде спроведен во установата и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.