Со воведувањето на услугата "Итно копче", обезбедуваме 24/7 поддршка за самостојните лица над 65 години, изнемоштените и оние на кои им е потребна итна помош во секој момент, споделија денеска од општина Ѓорче Петров.
Ако сте самотно лице со нестабилна здравствена состојба или познавате некого кому му е потребна помош, контактирајте нè: 076 212 329 или на меил адресата m.saraginov@opstinagpetrov.gov.mk.
Како функционира?
- Притискате едно копче на аларм-уредот
- Оператор веднаш ве контактира
- Ви се даваат насоки и, ако е потребно, се испраќа тим за прва помош или транспорт до здравствена установа
Што добивате?
- 24/7 поддршка и сигурност
- Брза медицинска и психолошка помош
- Бесплатно одржување на уредот
- Дневна техничка поддршка
- Транспорт до соодветна установа
- Грижата за секој граѓанин е наш приоритет! Со "Итно копче" овозможуваме сигурност и поддршка за оние на кои им е најпотребна, порача градоначалникот Александар Стојкоски.