
Во Велес се бара исчезнатиот Стојанче Клифов, а апелот за било каква информација поврзана со неговото исчезнување се шити на социјалните мрежи.
Во Велес е пријавено исчезнување на Стојанче Клифов, по кого во моментов се спроведува интензивна потрага. Семејството и пријателите упатуваат итен апел до јавноста за помош и споделување на какви било информации што би придонеле за неговото пронаоѓање.
Сите кои го имаат забележано или располагаат со корисни сознанија можат да се јават на контакт бројот: 076 226 323 (Наташа).
Апелот е итен – и најмалата информација може да биде од клучно значење за лоцирање на исчезнатото лице.
Граѓаните се охрабруваат да бидат внимателни и солидарни со семејството и блиските во овие тешки моменти.