Истражување на Телеком за е-спорт ентузијастите: играњето видео игри поттикнува стратешко размислување, социјализација и креативност

-Регионалното истражување е спроведено во Македонија, Хрватска и Црна Гора, каде што се одржуваше регионалниот eSports турнир

- Финалето на eSports турнирот ќе се одржи во Загреб на 19 ноември

Видео игрите се неизоставен дел од секојдневието, а повеќе од 70% од активните корисници играат повеќе од 10 години, покажа регионалното истражување кое го спроведе Телеком помеѓу е-спорт ентузијастите во Хрватска, Македонија и Црна Гора.

Истражувањето е спроведено помеѓу испитаници кои редовно играат видео игри на возраст од 18-40 години.

Испитаниците ги истакнале како позитивни аспекти на играњето: стратешкото размислување (83%), запознавањето нови луѓе (61%) и развивањето креативност (56%). Се покажа дека секој петти вљубеник во е-спорт го гледа играњето како прилика за подобрување на дигиталната писменост и повеќе од 85% од нив имаат одлични или многу добри резултати на училиште или факултет.

80% од испитаниците се чувствуваат среќно додека играат, а 75% од нив активно се социјализираат во вирутелниот свет и преку играњето видео игри стекнале нови пријатели.

Исто така, 50% од младите играчи сметаат дека играњето ги зајакнува фокусот и рефлексите, аналитичноста и ориентацијата. 45% го гледаат е-спортот како прилика за дополнителен приход, а 34% сака да се бави професионално со е-спорт.

Но и покрај масовноста и распространетоста на видео игрите, дури 80% од младите се соочуваат со предрасуди на околината за гејминг индустријата и е-спортот.

„Истражувањето спроведено меѓу играчите во регионот, потврди дека гејмингот може да биде корисен, доколку му се пристапи одговорно. Токму тоа е целта на првиот регионален Telekom eSport турнир, да потведи дека гејмингот не е само игра, туку има многубројни позитивни аспекти, како што се стратешкото размислување, креативноста и социјализацијата меѓу играчите“, изјави Радмила Димова, Раководител на сектор за Маркетинг комуникација и управување со бренд.

На турнирот, кој започна кон крајот на август, учествуваат гејмери од Хрватска, Македонија и Црна Гора.

Целта на турнирот, освен забава,е и одговорно играње, едукација за еднаквост и борба против говорот на омраза.Финалето на eSport Championship ќе се одржи на 19 ноември во Загреб.

Повеќе информации на:https://telekom.faceit.com/mk/

Македонски Телеком

press@telekom.mk

www.telekom.mk