Историчарот Светозаревиќ до бугарските новинари: Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови

Историчарот и поранешен директор на Музејот на македонската борба, Бранислав Светозаревиќ им одржа лекција на бугарските новинари кои го посетија Пустец во Албанија.

Во жестоката дискусија за историјата и потеклото на македонскиот народ, Светозаревиќ им кажа на бугарските новинари дека зборуваат на македонски јазик со додадени руски зборови.

-Каков шовинизам е ова, во 21 век Бугарите не признаваат цел народ, а Бугарската академија на науките во документ запиша дека во Македонија имало 1,4 милиони Бугари. Зошто 300.000 Македонци не се во бугарскиот Устав? Дали знаете дека во пописот од 1956 година во Бугарија имало 180.000 Македонци само во Пиринска Македонија? Вашиот јазик е современ бугарски, но неколкупати го менувавте правописот и додадовте руски зборови. Вие зборувате македонски јазик со руски зборови, им кажа Светозаревиќ.