Испраќаме уште една пандемиска година - Да не чуеме никогаш повеќе „нов бран“

Испраќаме уште една календарска година. Несомнено пандемијата ја одбележа и оваа 2021.година, исто како и претходната 2020. година.

Како целиот свет, така и нашата земја, првенствено беше насочена кон спречувањето на страшните последици кои ги донесе пандемијата.

За жал, голем број граѓани изгубија свои блиски од корона вирусот, борејќи се за на секој можен начин да се спасат од болеста и последиците кои ги носи.

Психичкото здравје е, се чини псоеба приказна, во целата пандемиска голгота. А кога здравјето е под закана, се друго е во втор план! Па така, голем дел од граѓаните велат дека оваа година која изминува ќе ја одбележат овие зборови: корона, нов, бран, вакцина, нов сој, маска, срав, смрт...

-Духовно, емоционално и финансиско фијаско во сите сфери од општеството и животот, вели еден наш читател.

-Да ја оставиме пандемијата во 2021 година, и никогаш повеќе да не се повтори е желбата на сите нас. Да не чуеме никогаш повеќе „нов сој“ или „нов бран“, вели друга читателка. 

Се чини, дека иако најавите се дека претстојната година ќе се збогуваме со корона вирусот, сепак, стравот и сеќавањата од страшните свои и туѓи искуства со вирусот, уште долго ќе нѐ следат. Сепак, времето ќе си го направи своето. Да се надеваме дека ќе смогнеме сили да заборавиме на сите лоши искуства и неубави работи кои се случија во оваа година, и со нови сили да се исправиме пред  предизвиците во годината во која најважно се сите да сме здрави и на број!