Исповед за аферата со еден оженет маж: Знам дека ме мразат другите, но не можам против себе

Ова е приказната од аголот на една заљубена девојка. 

Знам дека ме мразат другите жени. Јас сум таа која уништува едно семејство и спие со оженет човек. Но, што да кажам освен тоа дека јас не го избрав тоа. Љубовта ме избра мене, колку и да звучи себично или чудно. 

Се сретнавме како во бајка и секој ден со него е како убава љубовна приказна. Кога е со мене, можам да заборавам на сите проблеми, ја имам сета поддршка која ми е потребна и убаво ми е вака. 

Знам дека оди потоа кај својата жена и тоа ме убива. Знам дека наутро се буди покрај неа. Но, јас секогаш би го избрала ова повеќе од една досадна, обична врска. Ако некој мисли дека е многу лесно додека имаш афера, се лаже. Но, од првиот ден знам дека не сакам да го оставам никогаш. 

Знам дека ме мразат другите, но јас го избирам ова секој ден. Ова е мојот избор.