Исповед на скопјанецот Миле: Во манастир ја видов Мајката Божја во живо (ФОТО)

Бев на 12-годишна возраст кога во живо ја видов Мајката Божја. Тоа се случи во трпезаријата на манастирот „Света Богородица“ во Согле, каде што вечеравме, тврди за ДНЕВНИК м-р Миле Гиновски, криминолог од Скопје.

Во тој манастир во велешко Согле, кај Богомила, Гиновски живеел со години. Таму со сестра му го минувал летниот распуст затоа што дедо му бил таму, а вели имал чудотворна моќ да ги лекува луѓето.

– За тој преубав момент за кој не постојат доволно зборови за да се опише и на кој се сеќавам сиве овие години, пишувам и книга со наслов „Kако ја видов Мајката Божја“, која е во завршна фаза – откри тој за „Дневник“.

Гиновски го сретнавме во манастирчето „Свети Петар и Павле“ кај селото Гарниково, Kавадаречко, чиј ктитор е токму тој. Kако претседател на манастирскиот одбор, потсети дека овој духовен објект се гради по божји благослов и со чесни, посветени, добронамерни луѓе што имаат љубов кон Бога.

-„Дневник“ беше таму и на поставувањето на камен-темелникот на овој верски објект пред нешто повеќе од една година. Тогаш пишувавме за 87-годишната кавадарчанка Срба Витанова, која сонила сон да гради манастир. Самата кажа дека светците ~ рекле да се нарекува Спаса. За неа кавадарчани с` уште веруваат дека беше избрана од светиот дух да ги гледа светците и да зборува со нив. Велат дека правела своевидни чуда додека била жива, пишува ДНЕВНИК.

Си ја претскажала смртта

Токму за неколку такви необични чуда раскажуваше и самиот Гиновски. Млади добивале пород по долго чекање. Невреме престанувало тогаш кога се чинело дека никогаш нема да престане, како со нож пресечено. Помош од неа барале луѓе од земјава, но и од странство. Самата си претскажала дека нема да умре дома и навистина пред една година умрела токму во манастирот. Таквите чуда, според него, сега кога повеќе ја нема старицата чудотворка, се случуваат благодарение на светиот објект, кој беше украсен со извонреден венец, претходно исплетен од цвеќиња.

Манастирчето се наоѓа на ридот над селото, на петнаесетина километри од Kавадарци, во прекрасна природа, во подножјето на планината Kожув. Извонредно беше чувството да се биде таму, тогаш кога во градот владееја пеколни горештини. Да се проба од вкусното манастирско гравче и толчениот пинџур.

Требало да ја открие светата вода за да му оздрави детето

Под манастирчето има света лековита вода со која верниците си ги мијат рацете и лицето, а си полнат и за дома. Тука ќе забележите и детска нишалка, која на симболичен начин ја продолжува традицијата од минатото кога на такви лулашки се залулувале деца за здравје и среќа. За разлика од првиот пат кога таму беше буквално дивина и тешко можеше да се пристапи, меѓу другото, и поради стрмнината, сега има направено скали по кои верниците и верските туристи непречено може да се симнат.

– По кажувањата на бабата, во овој манастир е дозволено да се палат свеќи само за здравје, не и во спомен на мртвите. Овде може да ја најдат сопствената среќа сите оние на кои тешко им оди да се омажат, оженат или оние што не можат да имаат деца – тврди Гиновски.

Порано на бабата ~ се сонило дека извесен човек треба да ја открие светата вода во близина на Гарниково за да му оздрави детето што му било болно. Тој не поверувал во тоа и, за жал, детето лошо му завршило, не оздравело.

– И нам сигурно немаше добро да ни биде ако не ја уредевме водата, па затоа се зафативме со оваа работа во која веруваме – ни рече скопјанецот Апостол Ѓурчиновски, еден од членовите на одборот.