Искршил рампа на патарина, па се „забил“ во полициско возило

Полициски службеници од СВР Куманово денеска го лишиле од слобода Б.С.(30) од село Батинци, скопско.

Претходно, околу 1 часот на автопат Скопје – Куманово тој со возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, искршил рампа на наплатна станица Романовце, а на влезот во Скопје удрил во полициско возило.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.