Искршени автомобили на македонски граѓани во Грција

Во Калитеа и Афитос во Грција се оштетени повеќе автомобили со македонски регистрации.

Фотографиите ги објави ФБ страницата „Грција Уживо“ и истите беа наменети за да пренесат информации до српските туристи кои се на одмор во Грција.

На фотографиите се гледаат три автомобили со скршени стакла. Два автомобили имаат табличли од Битола.

Администраторот препорачува сите вакви инциденти да се пријават во полициската станица, во Касандрија, и да се бараат снимки од безбедносните камери за да бидат откриени насилниците.

Според информациите, инцидентот се случил вчера попладне.