Искрената прегратка вреди повеќе од кој било подарок

Искрената прегратка на две души, длабоко го храни нашето срце, го чува, прави да трепериме, ја прави кожата почувствутелна, ја грее куќата. Прегратката прави луѓето кои ги сакаме да се чувствуваат посебно, уникатно и среќно. Топлината на прегратката гради мостови и нѐ тера да размислуваме за тишината. Благодарејќи на овие гестови на наклонетост, имаме можност да се сетиме на она што нѐ тешши, да го имаме на ум дури и ако не сме свесни и да се смешкаме иако немаме некоја посебна причина за тоа. 

Прегратките не решаваат проблеми, но помагаат при соочувањето со неволјите, спречуваат да нѐ надвладеат, да ја разбијат нашата одбрана и да ја разнишаат нашата сигурност. Прегратките се начин како да им кажеме на луѓето дека ги сакаме, без да изговориме еден збор. Да бидеме во состојба да потонеме во удобното чувство на прегратката значи да ги ослободиме нашите чувства и да дозволиме да ни ја топлат кожата. Прегратките се плод на искрена наклонетост, соучество во кое секој го покажува своето вистинско јас. Со прегратката давате и примате енергија која негува емоционална благосостојба. 

Создадени сме за да почувствуваме контакт, да нѐ допрат и низ допирот да ги пренесеме чувствата. Од таа причина важно е да се поттикнува тоа чувство, благодарејќи на прегратките можеме да ги зацврстиме нашите врски, да дадеме утеха и да донесеме спокој. Љубовта нѐ тера да растеме, ги означува нашите најинтимни емоции и мисли. Од таа причина прегратките се најголемиот израз на љубовта. Заради тоа вреди да се дадат милион прегратки кои се извор на утеха кога некоја неволја ни се испречува на патот, а нашата надеж почнува да се разнишува.

Факт е дека прегратките стануаат верно светло кое го води нашето патување и ги чува нашите соништа кога нашиот ум и нашето тело треба да одморат. Прегратките стануваат понизни кога нашите успеси стануваат преголеми, нѐ тераат да растеме и нѐ прават подобри луѓе. Прегратките стануваат мерка, сигурност и разборитост, генијалност, внатрешен мир, сила и рамнотежа. Оа е можно затоа што прегратката е како еликсир против сите зла. 

Честопати сме далеку од луѓето кои ги сакаме и не сме во можност физички да ги прегрнеме. Но, постојат и психолошки прегратки, искрени и еднакво вредни. Психолошката прегратка ги надвладува препреките и бариерите. Што мислите? Секојдневно ги прегрнуваме со своите постапки, зборови, грижи и внимание. Прегратката станува најуниверзален доказ на наклонетост кој постои затоа што ни дозволува да пренесеме поддршка и љубов на нашите најмили. Кога прегратката е психолошка, кога доаѓа од длабочината на нашата душа и намери, таа успева да даде чувство речиси исто како и физичката прегратка. Прегратките кои навистина вредат се оние кои стануваат психолошки, емотивни, кои нѐ тераат да затвориме очи и да се посветиме на мислите. Конечно, искрените прегратки се оние кои го хранат нашето битие, нашата суштина.