Ако не можете да си го замислите денот без шолја кафе, тогаш ќе ве израдува веста дека можете да го вклучите кофеинот и во другите аспекти на живеење, а еден од нив е и кожата.
Оваа состојка е главниот стимулант на напитоците како кафето и чајот. Кофеинот со години се користи како состојка во козметиката, тој ја освежува, и дава енергија и ја штити кожата од дејството на слободните радикали. Освен тоа, ја подобрува кожата која има целулит, а помага и кај темните кругови околу очите.
Кога ќе се нанесе директно на кожата, тој помага кај црвенилата на кожата, има диуретички ефект со тоа што ја исфрла водата и е одличен за темните кругови под очите. Најголем бенефит од кофеинот може да се забележи кај кремите за очи и целулит.
Затоа, користете креми и состојки кои се богати со кофеин, а можете некои од нив да подготвите и дома. Еден од нив е и пилингот против целулит.
Потребни состојки:
2-4 лажици талог од кафе
2 лажици шеќер
1 шолја маслиново масло
малку цимет
Измешајте ги овие состојки и ставете ги во тегла. Користете го овој производ во бањата. Можете да го користите за целото тело, со што ќе ја омекне кожата и ќе ги отстрани мртвите клетки или пак само на нозете каде е и целулитот.