Исекол и украл метални заштитни огради од мост на патот Дебар-Струга - дебарчанец ќе одговара кривично

ОВР Дебар поднело кривична пријава против 52-годишниот О.Г. од Дебар поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.

На 14/15.09.2026 со употреба на физичка сила и алат исекол и одзел две метални заштитни еластични огради поставени на „Врмички мост“ на регионален пат Дебар-Струга.

Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист, а на штета на Јавното претпријатие „Македонија пат“