Исчистена депонијата покрај Маркова Река, акцијата продолжува

Започна акција на чистење на депониите покрај Маркова Река, по нејзиното течение низ општина Аеродром.

Пред извесно време се појавија многубројни реакции на социјалните мрежи дека никој веќе извесен период не се грижи за речното корито и дека е претворено во отпад. 

Вчера, преку веб-страницата Хиги-Аеродром е објавено дека интензивно се работи на расчистување на бреговите на реката, на територија на Аеродром, а акцијата ќе продолжи до целосно расчистување и отстранување на ѓубрето.