Исчистена депонија во Карпош

Во близина на Злокуќани е исчистена уште една депонија на територија на општина Карпош, на патот кон православните гробишта.

Притоа, локалната самоуправа на Карпош ги повикува граѓаните да бидат поодговорни со исфрлањето на кабаст отпад, односно да ги следат апелите и упатствата кои се објавени на нивната веб-страница.

„Во изминатиов период, општината ги интензивираше и инспекциските контроли на повеќе критични места, при што беа санкционирани неколку деловни субјекти кои ја загадуваат околината. За оваа година, од Буџетот на Карпош се одвoени 650.000 денари за чистење на диви депонии“, се наведува во соопштението.

Притоа, од општината известуваат дека досега се исчистени депониите кај мостот „Газела“ долж реката Вардар, во близина на хотелот „Александар Палас“ и Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кај фудбалското игралиште во Злокуќани, како и во Бардовци (долж реката Лепенец).