Исчистен паркингот Нова Македонија

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ излегоа на терен за да спроведат уште една акција за чистење на паркинзите низ градот Скопје. Нивната денешна локација беше затворениот паркинг Нова Македонија.

Тие преку објава на нивната официјална фејсбук страница информираа за акцијата, а истовремено ги известија граѓаните дека за време на истата тие ги искастрија сувите гранки и искроија дрвјата, со цел поголема безбедност за паркираните возила.

„Нашите вработени се вклучија во оваа акција за чистење на паркинг просторот. Продолжуваме со редовни акции за побезбеден и чист паркинг простор!", напишаа одтаму.