
МВР трага по 52-годишен маж чие исчезнување во полиција било пријавено вчера. Лицето Љупчо Стојановски исчезнало на 6. август, а последен пат било видено во Ново Лисиче.
- На 11.08.2026 во СВР Скопје е пријавен за исчезнат Љ.С.(52), кој според пријавителот исчезнал на 06.08.2026. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од МВР.
Неговото семејство повикува доколку некој го види или има информации да се јави на телефонскиот број 073/717-090.
