Ирвин Јалом: „Само простите луѓе се полни со самодоверба, паметниот човек секогаш се преиспитува!“

Ирвин Јалом е еден од најпознатите модерни писатели, популарен е и во Македонија, благодарејќи на неговите дела како „Кога Ниче плачеше“, „Лекување со Шопенхауер“, итн.

Тој дава добар увид во човековата душа и навлегува длабоко во многу различни теми. Во една прилика тој зборувал со некој новинар и новинарот ја начнал темата за луѓето и самодовербата.

Едно од прашањата било: Како го објаснувате фактот дека некои луѓе се полни со самодоверба?

Ирвин Јалом се насмевнал и одговорил:

„Запрашајте се кои се тие луѓе кои се сигурни во себе, кои секогаш се ведри и мирни. Такви се само луѓето без визија, простите луѓе и децата. Очајувањето е цена која човекот ја плаќа за својата самосвесност.

Па така можеме да заклучиме дека интелигентниот човек не е секогаш сигурен во она што го зборува и прави. Паметните луѓе секогаш се преиспитуваат.“