IQOS уредите може да бидат штетни за срцето

Iqos уредите кои се креирани како алтернатива на другите видови пушење може да му наштетат на срцето на корисникот, покажуваат истражувањата кои ги пренесува порталот healthday.com.

Овие цигари кои се направени од страна на компанијата Филип Морис се замена за електронските или традиционалните цигари, но новите истражувања покажуваат дека тие може да бидат причина за оштетување на срцето и крвните садови.

Истражувачите откриле дека инхалантите се поврзани со висок крвен притисок, намалено ширење на крвните садови, зацврстување на артериите, зголемен ритам на срцето и намалена срцева функција. Тие исто така покажуваат поголем ризик од срцева аритмија или абнормален срцев ритам кај луѓе со пејсмејкери.

Во нивниот труд, истражувачите од Центарот за здравствени науки во Државниот универзитет во Луизијана анализирале скоро 50 примероци на луѓе и глодари.

Овие цигари го затоплуваат тутунот, но не го горат и тие содржат тутун загреан на пониска температура од традиционалните цигари. Ова ослободува пареа со вкус на тутун што содржи никотин, но не произведува оган, чад или пепел, објаснуваат авторите во белешките во позадина.Тие ослободуваат и аеросолни честички кои го загадуваат воздухот со хемикалии и молекули кои можат да предизвикаат оштетување на ДНК и смрт на клетките, наведуваат авторите.

„Мора да се развијат понатамошни клинички, студии врз животни и луѓе за да се истражат кардиоваскуларните ефекти на производите кои не го согуроваат тутунот“, велат коавторите авторите на истражувањето. Дополнителни истражувања ќе им помогнат на законодавците и на регулаторните тела ширум светот во донесувањето издржани одлуки, заклучуваат тие.