Интервју со Славица Ѓорѓевска, Менаџер на МЕДИКА Скопје: Новата палета на производи од италијанскиот производител Two-Bee се одговор на зголемениот интерес за подобрување на здравјето

Веледрогеријата Медика повеќе од 20 години е посветена на дистрибуцијата на некои од најважните лекови во македонскиот здравствен систем. Преку мрежата на Медика, десетици здравствени установи и стотици аптеки ширум државата секојдневно се снабдувани со најквалитетните домашни и странски фармаколошки продукти.

За работата на компанијата, актуелните предизвици, производи и плановите, денес разговараме со Славица Ѓорѓевска, менаџер во Медика Скопје. Таа е доктор на медицина со 20 годишно работно искуство. Во изминатиот период Славица работела како одговорно лице за контрола на производство на вода, општа медицинска пракса и како менаџер на промет со лекови.

Веледрогеријата Медика е долго време присутна на македонскиот пазар со лекови. Каква е вашата оценка на актуелната состојба во оваа гранка?

Како компанија постоиме 22 години, период кој е сосема доволен за да дадеме еден релевантен осврт на пазарот со лекови и медицински средства во Македонија. Како и во другите општествени домени така и во овој бизнис се случија подеми и големи предизвици не само кај нас туку ни насекаде низ светот. Пандемијата предизвикана од корона вирусот целосно ги редефинира досега востановените потреби на пазарот па затоа сите кои сме дел од овој бизнис значително моравме да се приспособиме на новата реалност.

Ги променија ли граѓаните навиките за заштита на сопственото здравје како резултат на пандемијата?

Апсолутно да, како доктор по медицина можам слободно да кажам дека примарниот интерес на сите, освен заштитата од корона вирусот, стана зајакнувањето на имунитетот на организмот како и подобрувањето на квалитетот на живот воопшто.

Дали Вие како компанија превземавте бизнис чекори и одлуки со кои се приспособивте на новата КОВИД реалност?

Како што кажав претходно, следејќи го зголемениот интерес на граѓаните за севкупно подобрување на нивното здравје одлучивме да понудиме на пазарот палета на производи на база на природни состојки од италијанскиот производител Two-Bee.

Овој бренд досега не беше присутен во Македонија па токму затоа и се одлучивме да бидеме негови застапници.

Кои производи на Two-Bee се ваша препорака за читалителите на Скопје Инфо и каде може да се најдат истите?

За повозрасните и за лицата кои имаат проблеми со холестеролот тука е Lipolow Plus, за трудниците и за сите кои имаат проблеми со анемија ги предлагаме ампулите Globihem, додека пак за сезоната на настинки и затнат нос тука е BeeProl Active на база на прополис и еукалиптус.

Како посебно интересен би го издвоила Ipsalax, додаток во исхраната на база на псилиум за сите кои имаат проблеми со цревната подвижност, подуеност и констипација. Сите производи на Two-Bee можат да ги набават во аптеките на Еурофарм низ државата.

Сосема за крај, која е Славица приватно и како го живееш скопското секојдневие?

Во текот на денот сите ние имаме различни обврски, но најдрагата и најзначајната обврска за мене е моето семејство. Скопје во овој период од годината е идеално за прошетки и кафе-средби со пријателките бидејќи сите се веќе вратени од годишните одмори дома. Она што некако најмногу го сакам од Скопје е пешачењето рано наутро низ Градскиот Парк независно од годишните времиња. После овој утрински ритуал денот може да започне.